|
РЕЛИГИЈА
Во Драчево е изразено негувањето на
православната христијанска вера и тоа со генерации претставува гордост
на жителите.
Православен христијански храм
„ВОЗНЕСЕНИЕ
ХРИСТОВО СВЕТИ СПАС“ Драчево
Со Едренскиот мир
(1828) и договорот меѓу Русија и Турција (1830), на христијанскиот
свет под турска власт му се даваат поголеми привилегии. Со
објавувањето на највисокиот турски државен декрет Гилханскиот
Хатишериф 1839 година, се прокламира првпат од султанот Абдул Меџит
полна рамноправност пред законот на сите граѓани без разлика на вера,
народност и социјална полодба. Овие важни реформи, иако не во целост,
сепак во Македонија отвараат нов процес на политички,
социјалноекономски, просветни и духовни движења. Се отвараат црковно
просветни училишта, се воведува црковнословенски јазик во
богослужбите, се негува говорниот македонски јазик и се градат многу
цркви. Имајќи ја во предвид ваквата состојба, повидните драчевци
заедно со свештеникот Василиј покренуваат иницијатива за изградба на
нова поголема црква, бидејќи старата била мала и не ги задоволувала
црковните потреби. Барањето е поднесено до скопскиот паша. Драчевци
сигурно добиле ферман за ѕидање на црквата. Најголем придонес за
подигнување на нова црква има тогашниот скопски митрополит Јоаким, кој
се јавува и како ктитор на црквата. По потекло бил Грк роден во
Антигона. Бил добар и совесен архиереј, наспроти неговите пртходници.
За негово време ојакнале христијанските населби, го развивал црковниот
дивот преку отварања на училишта и во богослужбите вовел
црковнословенски јазик. Митрополитот Јоаким бил несебичен донатор во
изградба на цркви, на добротворни и просветни цели, па затоа и бил
омилен меѓу народот. Умира на 25. февруари 1868 година, а погребан е
во дворот на црквата „Света Богородица". Свештеникот Јелисеј од Горно
Соње за него вака ќе забележи: „Претстави се господин Јоаким на лето
1868... и го кренаа от митрополиа со свештеници, со ученици, со
анагности, со господин Ќустендилски (митрополит), со
господин Пајсиј Врањски, го пренесоха по Тафтакала, до пазариште
(покриена чаршија), пак отвам доле кај Пекчи, кај Фиронлака го
однесоха у цркви нова свјатија Богородица, со голема чес и слава. Се
претстави у недела навечер на сатот дванаес, а погреба у среда на
сатот два. Што беше живо и турско и рисјанско све дојдова да видат, и
четириесе свештеници облечени со фелони и еден псалтир му исчатија".
Локацијата за новата
црква била стотина метри југоисточно од старата каде што и денес
постои. Има два записа на годините за започнувањето со изградбата на
црквата. Едниот се наоѓа на ѕидот на северната страна од црквата, под
галеријата до влезот на малата врата, каде пишува:
Вториот податок е запишан
на северната олтарна врата, а во првиот дел стои само годината 1848 со
црковнословенски букви. Ако се земе во предвид дека северната врата ја
работел Дичо Зографот во 1858 година, значи неговиот натпис е ставен
пред првиот, затоа што живописот на ѕидовите е правен по смртта на
митрополитот Јоаким како што стои во првиот натпис. Дичо учествувал во
изработка на иконостасот и може да му се верува повеќе на неговиот
податок кој го впишал на северната олтарна врата.
Храмот спаѓа во редот на
поголеми трокорабни базилики без купола какви што се црквите: ,,Св.
Димитриј" во Битола, ,,Св. Богородица" во Скопје, ,,Св. Ѓорѓи" во
Струга, ,,Св. Пантелејмон" во Велес, ѕидани во првата половина на XIX
19 век.
АРХИТЕКТУРА
Градители на црквата
најверојатно се Дебарчани, Петре Гарката со наговата тајфа, кои ја
граделе и црквата ,,Св. Богородица".
Црквата ,,Св. Спас" има
правоаголна основа со димензии: 2025 х 1170 и висина 10 метри. Ѕидана
е со камен и малтер. По кажувањата на Велика Божиновска (сега
покојна), која ги слушала од својот дедо, каменот бил носен од старата
црква. Во работата учествувале сите жители од селото, особено
помладите лица. Каменот се пренесувал од рака на рака поредени во два
реда, од едната страна момчињата, а од другата девојчињата.
Централниот кораб се издига повисоко од страничните и е соѕидан од
плитар. Ѕидовите се дебели еден метар од сите четири страни. Поставена
е еден метар во земја како што наложувале турските фермани. Употребата
на природни градежни материјали придонесува црквата да добие
компактност и цврстина. Денес се користи влез на црквата од јужната
страна, а постојат уште два влеза од западната страна. Јужниот влез
има две дрвени врати дебели 10 сантиметри. Од западниот дел едниот
влез е со две дрвени врати, а другиот е помал со една дрвена врата. На
лунетата на главниот влез е насликана главата на Бог Отец со двете
отворени очи што симболизира надгледување на верниците, односно
Божјото сезнаење и секаде присутност и грижа за нас луѓето.
Наосот е поделен на три
кораба формирани од два реда дрвени столбови. Столбовите се потпрени
на камена основа, опшиени со трска и малтерисани. Нивната висина е 430
сантиметри и пречник 40 сантиметри. Нив ги има по пет, поредени во два
реда, кои се поврзани со аркади што го делат централниот брод од
страничните. На источниот дел е олтарниот простор со полукружна апсида
со две помали прозорчиња, ѓаконик, жртвеник и мијалник.
Во западниот дел од
наосот е галеријата до која се доаѓа преку внатрешни камени скали на
северната страна. Во галеријата може да се влезе одвнатре и директно
однадвор преку малата врата. Целата дрвена конструкција на галеријата
се потпира на двата дрвени столба. Во аголот на јудната и западната
страна постои камен сад за крштевање (денес не се уптребува).
Во централниот дел од
наосот се наоѓаат, певници, места каде што пеат црковните псалти. До
десната певница се наоѓа архиерејскиот трон, каде стои икона на св.
Кирил и Методиј, зографисана од Петар Николов во 1874 година, од село
Ореовец Велешко. Големината на оваа икона е: 143 х 73 сантиметри,
работена на дрво, и на неа се напишани донаторите.
Централниот кораб се
издига повисоко од страничните. Во него има четири внатрешни куполи, а
едната е во олтарот. Страничните имаат исто по четири куполи од кои по
една се во олтарот. На централниот кораб има десет прозорци, кои
однадвор се крстовидно направени. Во црквата исто така има тринаесет
поголеми прозорци со димензија 80 х 70 во правоаголна форма. Овие
прозорци даваат природно осветлување во црквата и истите се заштитени
со железни решетки. Подот е со голедои камени плочи, а од 1997 година
поставен е мермер. На западната страна и дел од јужната во 1912 година
дограден е трем (артика). По кажувањето на старите драчевци артиката
била доградена за да ја заштити црквата од поплави бидејќи истата
година се случило надојдената вода да влезе во црквата. Таа служела и
за црковни потреби (парастаси, и др.) Сега црквата е покриена со
керамиди.
ЖИВОПИС
На северната страна од
наосот на ѕидот во првата зона од иконостасот кон галеријата се
насликани:
1.
Св. Кирил и Методиј;
2.
Св. Климент и св.Наум;
3.
Св. Јован Рилски и св.
Јоаким Осоговски;
4.
Св. Прохор Пчински и св.
Гаврил Лесновски;
5.
Св. Иларион Злетовски и св.
Ѓорѓи Кратовски;
6.
Св. Јоаникиј.
Во втората зона по ист
распоред се:
1.
Св. Теодор;
2.
Св. великомаченик Ѓорѓи;
3.
Рождество Христово.
На јужната страна во
првата зона од иконостасот кон галеријата претставени се следните
светители:
1. Св. Спиридон
Чудотворец. Насликан е во природна големина, претставен со чудото
направено на Првиот вселенски собор. Од неговата лева и десна страна
се насликани по три фрески од неговите чуда. Богатото претставување на
св. Спиридон се должи на донаторството на грнчарскиот еснаф од Драчево
како благодарност кон нивниот заштитник. На левата страна ги има
приложниците на грнчарскиот еснаф.
2.
Св. Петка и св. Варвара;
3.
Св. Константин и Елена;
4.
Св. Симеон Столпник и св.
Трифун;
5.
Св. Никола и св.
Пантелејмон;
6.
Св .Ефтимиј и св. Антониј.
Во втората зона по ист
редослед се:
1.
Св. Нестор;
2.
Св. Димитриј;
3.
Богојавление;
4.
Св. пророк Исаиј.
Овие фрески се живописани
од зографот Димитар Андонов Папрадишки во 1943 година. Првата зона
одлево и оддесно е заменета со живописи правени на шпер плоча и
монтирани на ѕидот. Под галеријата на крајот од јужната страна има
стари фрески претставени со двајца светители. На ореолот пишува св.
Унофриј. По описот на ликот соодветното име е неточно. Се работи за
светител со долга бела брада до земја и со долга коса. Изгледот на
ликот одговара на св. Онуфриј (25 јуни) (се работи за погрешно
запишано име на старословенски јазик). На северната страна под
галеријата претставени се Адам и Ева во рајот. Во олтарот, во апсидата
насликани се од лево на десно: св. апостол Петар и Павле, св. Јован
Златоуст, св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. апостол
Тома. Горниот дел од апсидата е св. Богородица со Христос
Во жртвеникот насликан е
Господ Исус Христос со раните, во големина 141 сантиметар. Исус стои
на наковално со раширени раце, со дланките свртени надолу, од кои тече
крв. Оддесно на ребрата тече крв, со нозете стои на наковално и од нив
тече крв која се собира во еден сад во јајцевидна форма, нацртан со
зборовите
Исус со показалецот на
десната рака покажува кон храмот. На горниот дел од фреската Господ
Исус Христос е претставен на престолот, а над него пишува Горе на
престоле. На долниот дел е потпишан зографот со зборовите:
Долу на фреската запишан
е грчки текст со црковнословенски букви:
,
што значи дека за време на цртањето на фреската дежурен свештеник во
црквата бил Димитриј.
На крајниот долен дел од
фреската напишани се донаторите на самата фреска
Во централното кубе
насликан е Господ Исус Христос со Неговите апостоли.
ИКОНОСТАС
Меѓу наосот и олтарот на
храмот се наоѓа богат иконостас. Според архитектонската конструкција
направен е од дрво и е поделен на два ката. Првиот се сосотои од два
правоаголни простори од кои едниот е празен, а во другиот се наоѓаат
икони со димензија 101 х 74 сантиметри. Над корнизот кој ги дели
катовите постои фриз кој што нема никаква декорација. Во вториот кат
се наоѓаат два реда квадрати во кои се сместени икони. Во првиот ред
се празнични икони и икони на светители, а во вториот ред се икони на
апостолите. Посебно значење и убавина на иконостасот му даваат
Царските двери, Големиот крст кој се наѓа на најгорниот дел на
иконостасот и завесата.
Царските двери се
изработени во резба, богато се украсени со лисја и цветови во
позлатена боја. На нив се насликани: Бог Отец, Кој со левата рака ја
држи вселената, потоа лево и десно се Соломон и Давид, во средината
Архангел Гаврил и св. Богородица, а во долниот дел св. Василиј и
Атанасиј, св. Никола и св. Јован Златоуст. На празниот дел од резбата
на дрвото нацртани се разнобојни цвеќиња со листови.
Завесата е од платно и на
неа е претставен Господ Исус Христос во путир со раширени раце, со
двете благословува и до рацете стојат ангели, а во долниот дел исто
така се насликани ангели. На горниот дел од завесата пишува,
а
на краевите од завесата
од сите страни на грчки и на црковнословенски е испишан текст:
На
средината од завесата е потпишан зографот Дичо, со зборовите:
Големината на завесата
изнесува 116 х 82 сантиметри.
Високо на средината на
најгорниот дел од иконостасот се издига големиот крст како симбол на
победата на христијанството. Неговата димензија е 200 х 180
сантиметри, а странично е опкружен со резба во позлатена боја. На него
е нацртано распетието Христово. Од сите четири страни на краевите на
крстот насликани се евангелистите во своето симболично значење. Под
нозете Христови нацртан е череп. На горниот дел од крстот стои гулаб
со раширени крилја, кој го симболизира св. Дух. Десно и лево од крстот
на долниот дел извајани се два крилести змеја, свртени со грбот кон
крстот. Тие се симбол на победен грев и многубоштво. Од нивните
разјарени вилици со остри големи заби, се подига десно сликата на
Пресвета Богородица, а лево сликата на св. Јован. Десно од крстот стои
копјето, а од левата страна сунѓер. Лево и десно на иконостасот стојат
птици со раширени крилја, како негови чувари.
Сите заедно, Царските
двери, завесата и Големиот крст даваат изразито богато уметничко
остварување. Ова се должи на големиот мајстор Дичо Зографот, кој
учествувал во изработувањето на иконостасот. Во ова време тој го
достигнува крајниот дострел на своите творечки модности со иконите. Се
ориентира кон складни премини во моделацијата, смалувајќи го
интензитетот на бојата што се користи при сенчењето и ја доведува до
совршенство играта на светлината и сенките на лицата и рацете на
светителите. Како познат и баран мајстор, тој е соочен со многубројни
нарачки во Скопската митрополија. Дичо Зографот учествувал во
уредувањето на иконостасот и во 1858 година комплетно е завршен, и
сигурно тогаш е осветена црквата.
Ктитори и приложници за
изградбата на храмот, како што запишал Дичо Зографот во жртвеникот, се
следните:
Јоаким архиереј;
Јеромонах Елисеј;
Јеромонах Герасим;
Косто;
Стефан;
Трајко;
Крсте;
Петруш;
Марија презвитера;
Димитриј јереј;
Василики презвитера;
Константин;
Елена;
Ана;
Петре јереј;
Божана презвитера;
Константин поклоник; Кочо
поклоник;
Босилка;
Стојан;
Тошо;
Трајко;
Руфет Грнчаровски;
Цветко и чадом его;
Стефан;
Сто/ан;
Султана;
Панајот и
Димитрија свештеник.
Тоа се имињата на
ктиторите запишани од левата страна на жртвеникот, а додека од десната
стојат следните имиња, од кои некои се повторуваат:
Сребра презвитера;
Трајко поклоник;
Димитриј јереј;
Василиј јереј;
Трајко; Велко;
Јефтимиј јереј; Кондила
презвитера; Јоана; Кондила; Анастасија; Георги; Трајко; Риско; Петко;
Трајко; Анастасија; Султана; Јован; Ѓорѓи;
Василики презвитера; Марија презвитера; Трпе; Митре и
Стојанка.
KАМБАНАРИЈА
Камбанаријата е направена
во 1956 година. Ѕвоното постоело од порано и е донесено во 1908 година
од Солун. Ѕвонарата е висока 13 метри.
БОГОСЛУЖБЕНИ КНИГИ
Во црквата постојат доста
стари богослужбени книги:
Требник,
печатен во Москва 1789
година; Псалтир, печатен во Москва 1763 година; Осмогласник,
печатен во Цариград 1843 година;
Часослов,
највероватно потекнува од
времето 18251855 година;
Псалтир,
печатен во Киевопечерската
лавра 1865 година;
Минеи,
за Јануари, Март и Мај, од
1863 печатени во Киевопечерската лавра;
Октоих,
од 1849 година печатен во
Киево печерската лавра;
Цветен триод
(Пентикостар),
печатен во Москва 1863 година;
Посен триод,
печатен во Москва
1864 година;
Евангелие,
од 1858 година,
печатено во Цариград. Издавач на Евангелието е бугарскиот егзарх
Александар. Интересно е што благослов за печатењето на ова евангелие
дал турскиот султан Абдул Медџит Хан, затоа што во тоа време не постои
Бугарската егзархија како афтокефална црква. Занимливо е што директно
е преведено од грчко Евангелие и евангелијата почнуваат да се читаат
по следниот ред: Прво започнува со Евангелието според Јован, од Пасха
до Педесетница. Потоа од Матеј, од првата недела по Педесетница
до Воздвидение на чесниот крст.
Лука
од понеделникот по
Воздвижение на чесниот крст до саботата на првата недела од
Велигденскиот пост.
Марко
Од саботата на првата
недела на постот до Велигден. На крајот од Евангелието има 35 пасхални
таблици, измислени и составени од Емануил Глизони.
По 35те пасхалии, дадени
се 35 правила, во кои секое го содржи редот на Евангелието на
утрените, гласот кој се пее во секоја недела и колку недели има во
месецот во таа година. Секое правило почнува од пред неделата по
Божиќ, а завршува во неделата пред Божиќ. Од неделата по Божиќ до
неделата на Митарот и Фарисејот не се ставени гласовите и утрените
евангелија, затоа што Пасхата се оддалечува и се приблидува, т.е. се
случува некогаш да има повеќе недели од една до друга пасха, а некогаш
помалку. Затоа пак, гласовите и евангелијата ставени се на крајот од
таблицата. Пред секој евангелист напишани се кратки житија: за
евангелист Јовен житие напишал св. Доротеј, епископ Тирски. За Матеј
житие напишал св. Софрониј, за Лука кратко житие напишал св. Доротеј,
епископ Тирски и за евангелист Марко житие има напишано блажени Ероним
и св. Доротеј, епископ Тирски;
Апостол,
печатен во Виена во 1796
година, како што стои во изданието за општа духовна корист на сите
православни христијани. Интересно е што овој Апостол потекнува од
монах Исаиј, кој живеел во VI век и преведен е на црковнословенски
јазик. Во почетокот на Апостолот дадени се информации за апостолите,
за нивните имиња и за нивната дејност. Исто така се наведуваат имињата
на седумте ѓакони: Стефан, Филип, Прохор, Миканор, Тимон, Пармен и
Николај.
Епископ св. Доротеј
Тирски дава податоци за сите седумдесет Христови ученици, нивните
имиња и нивната дејност.
Во црквата е
пронајден литургиски зборник од XVII век. Содржи 164 листа. Денес се
чува во НУБ под. сиг. м.с. 111.
ЦРКОВЕН ИМОТ И ОБЈЕКТИ
Во една тапија од 1931
година, која се наоѓа во архивата на црквата ,,Св. Спас", наведен е
црковниот имот на следните места:
Речиште 0,26,10 м2
Долна бразда 0,30,40 м2
Белчевица 1,49,68 м2
Денес овој имот не постои
во катастарот на црквата „Св. Спас".
Во истата тапија се
наведува дека во дворот на црквата постои една пекара десно од
главниот пат и три згради од послаб материјал. Во едната зграда се
наоѓало црковното училиште кое работело до 1924 година кога е
направено ново на денешната локација во основното училиште ,,Св.
Климент Охридски". Новото училиште го осветил митрополитот Варнава, а
тогаш присуствувал и кралот Александар. Денес овие објекти не постојат
и изградени се нови. Едниот е наменет за парохиски дом на
свештениците, кои немаат стан, а во вториот се наоѓаат службените
црковни канцеларии и посебна зграда која служи за црковните потреби на
христијаните.
Во 1955 годдина,
тогашниот Црковен одбор продава плац над патот до црквата, каде што
била пекарата со површина од 425 м2, на Ристо Боцев
Трајковски.
Од црквата се отуѓени
уште две куќи.Едната е продадена на Коларовски Страхил а другата е
дадена на едно семејство од Пагаруша. Во дворот на црквата старото
училиште е разурнато. Истото постоело од 1874. По изградбата на новата
црква во Драчево набрзо се отвара црковноучилишна општина. Тоа се
случува најверојатно по 1870 година. Во 1874 год. со сигурност може да
се потврди дека работи црковното училиште во дворот на црквата.
Иконата што стои на архиерејскиот трон посветена на св. Кирил и св.
Методиј ни ги дава имињата и презимињата на донаторите на оваа икона.
Во нив спомнат е и учител Панче Георгиов. Иконата е живописана 1874
година. Училиштето работи до 1924 год. а отогаш е преселено на
локацијата во која денес се наоѓа. Денес училиштето се вика ,,Св.
Климент Охридски".
Договорот за
купопродажбата постои во архивот на црквата. Во 1961 година, месната
аграрна комисија одзема црковен имот од црквата ,,Св. Спас" и го
доделува на следните лица: Крстевски Димовски Тонче од село Драчево,
кат. парцела број 60/65, во местото викано „Петла чука". Благоја
Бојчев Будевски добива нива во местото викано „Ќуприја", кат. пар.
бр.27/248 со површина 72 ари, со тапија бр.317/47. На Богоја Тошевски
од с. Драчево во местото викано „Ќуприја", КО Драчево, кат. пар.
27/248 со површина 1ха, со тапија 317/47.
Уверението кое е издадено
од Одделението за стопанство и финансии на Народниот одбор на општина
Драчево, се наоѓа во архивата на црквата ,,Св. Спас" Драчево. Денес,
црквата по поседовниот лист од 1994 година, располага со имот од
2,06,72 м2.
КАТАЛОГ Престолни
икони:
1.
Св. Илија,
темпера на дрво
позлатена рамка, 101 х 74; приложници, Стојче, Ангелко, Димко, Стојан,
Бошко, Трајко (обновена икона).
Насликана со четири
црвени коњи, кои ги управува ангел. Коњите се со црвени крилја и се
издигаат кон небото. Св. Илија држи во десната рака свиток напишан со
грчки текст. На земјата доле се претставени слики од неговиот живот.
Десно е претставен Елисеј какоја прима наметката, лево гавранот му
носи храна на св. Илија, а на средината ангелот го буди св. Илија.
Заднината е плава.
2. Архистратиг Михаил,
(северна врата од
иконостасот),
темпера на дрво, 101 х
74; од Дичо Зограф, 1858 Претставен е од колената нагоре со раширени
крилја. Во десната рака држи меч, а во левата космосот кој е
претставен во сина боја и на него има натписВо
истата рака држи свиток на кој пишува: Божји војвода сум кој носи меч,
ги чувам, се борам на оние кои влегуваат во храмот со страв, а ги
сечам оние што влегуваат во храмот со нечиато срце. (текстот е на
црковно словенски јазик). На средниот прст од левата рака држи вага.
Облечен е со црвена наметка, а на градите со раширени крилја има
ангел. Заднината е сина. На долниот дел од иконата пишува:
3. Свети Никола,
темпера на дрво позлата,
101 х 74; Претставен е во архиерејска позлатена облека, со десната
рака благословува, а во левата држи книга. Лево и десно на неговите
рамена се Господ Исус Христос и Богородица, заднината е сина .
4. Вознесение Христово,
темпера на дрво, во
позлатена рамка, 101 х 74; прикажан е Господ Исус Христос како седи и
благословува, од левата и десната страна има по еден ангел, доле се
Богородица со светите апостоли кои покажуваат со десните раце кон
Него. Лево и десно од Богородица има по еден ангел кои со показалецот
исто така покадуваат кон Исуса. Заднината е сина.
5.
Царски двери, 171 х 81,
сиг. Дичо Зографот.
6.
Господ Исус Христос
Седржител,
темпера на дрво, 101 х 74, од Димитрие Дукович,
Господ Исус Христос е претставен надпојасно,
со десна рака
благословува, а во левата држи отворено Евангелие. Облечен е во црвена
наметка, украсена со цвеќиња, обработена со златна бордура. Годината
му е неправилно напишана, првите два броја се арапски 18, а вторите на
црковно словенски АЕ. На левата страна самиот напишал
Заднината
е сина.
7. Св. Јован Крстител,
темпера на дрво,
101 х 74, приложил Тасе Јованоф; Претставен е натпојасно со раширени
крилја. Со десната рака благословува, а во левата држи позлатен сад со
неговата глава. Под садот на десно се испружа свиток, а меѓу
показалецот и средниот прст го држи стапот. На горниот дел се издига
крст
во златна боја. Околу стапот се
простира тесен свиток на кој пишува: „Еве Го Јагнето Божјо, кое ги
зеде гревовите на свтетот". Текстот е на грчки јазик. Заднината е
сина.
8. Св. три ерарси,
темпера на дрво, 101 х
74, 1852;
Претставени се во цел
раст, од десно на лево се: Св. Василиј Велики, св. Јован Златоуст и
св. Григориј Богослов, облечени во раскошни архиерејски одежди, богато
украсени со флорални орнаменти. Сите благословуваат со десната рака.
Св. Василиј и св. Григориј во левата рака држат книги, а св. Јован
Златоуст со левата рака го држи архиерејскиот жезл. Претставени се со
златни круни, а над нив е Господ Исус Христос, Кој благословува со
двете раце, а до нив има два ангели. Заднината е сина.
9. Св. Харалампиј со
врзаната чума,
темперана дрво, 101 х74,сиг.од Дичо Зографот;
На јужната врата претставен е во горното поле
натпојасно св. Хралампиј.
Со десната рака благословува, а во левата држи книга. Облечен е во
раскошна свештеничка црвена облека, украсена со флорални елементи,
обработена со златна бордура. Заднината е сина. Под него во долното
поле претставена е чумата врзана со синџири околу вратот и нозете, во
раката држи коса свртена спроти него. На рацете и нозете се гледаат
острите нокти, со рогови на главата. Од устата, очите и ушите излегува
пламен. Целиот е во црна боја, а заднината е темно зелена.
10. Св. Параскева и св.
Недела,
темпера на дрво, 101 х
74, 1854, приложници на иконата; Трајко, Тоше, Стефан, Трпче, Никола,
Стојче, Мадемџи. Претставени се во цел раст. Во рацете држат крст. Св.
Параскева во левата рака има бројаници, а св. Недела има цвет. Св.
Параскева на главата има шамија со крст, а св. Недела на главата има
круна. Св. Параскева е со виолетова наметка, а св. Недела со црвена.
Заднината е сина.
КАТАЛОГ НА ДЕЛ ОД
ИКОНИТЕ ВО ЦРКВАТА
„СВ. СПАС“ - Драчево
Богородица елеуса
(Милостива) = Умиление, темпера на дрво, позлатена.
Многу ретка икона, каде
што Богородица е претставена во нејзината мајчинска нежност. Малиот
Христос е прикажан повеќе во профил, со левата рака ја гушка мајка си
приклонувајќи ја главата врз образот. Св. Богородица ја има наведнато
главата кон Христа, а нејзиното лице ги претчувствува страдањата на
својот Син, додека пак, Исус со Својот нежен поглед и дава утеха на
мајка Си. Св. Богородица е облечена во раскошна облека, а Исус е
облечен во долга жолта облека. На левата страна од иконата има натпис
Теодоровскија пресвета Богородица.
1.
Рождество на св. Јован
Претеча,
2.
Св. четириесет маченици,
3.
Господ иде на доброволно
страдање,
4.
Св. Јулита,
5.
Христовото слегување во
адот,
6.
Слегување на Светиот Дух,
7.
Вознесение Христово,
(диптихон)
8.
Недела на слепиот
Текстот е позајмен од
книгата „Православен храм Свети Спас – Драчево“ од Коста Станоевски,
Скопје, 1999.
|
|
|
...
Во Драчево е изразено
негувањето на православната христијанска вера.
...
Црквата „
Свети Спас“ е започната во 1848/49 година
...
Ѕвоното
во „Св. Спас“ е донесено во 1908 година од Солун
...
|
|