|
ИСТОРИЈА
Се смета дека подрачјето на кое денес се наоѓа
Драчево било населено уште во најстаро време. Во непосредна близина, на неговата северозападна страна, се најдени остатоци на
римска тврдина и темели на повеќе згради. Се претпоставува дека
тврдината била изградена со цел да го штити патот што водел кон
подножјето
на планината Китка.
Определени римски остатоци се пронајдени и кај
месноста Пеленица, во непосредна близина на Драчево. Во стариот дел,
во Црквиште, се пронајдени остатоци од големи
згради како и плоча со римски натпис украсена со мозаик. Населението
верува дека на тоа место во римско време се наоѓала црква па, според
тоа и
местото е наречено Црквиште.
Врз база на овие археолошки локации се претпоставува
дека во времето кога Римјаните управувале со оваа територија ова
подрачје, на кое денес се наоѓа Драчево, било населено.
Во пишани извори Драчево за прв пат се споменува во
1300 година. Оваа
средновековна населба, веројатно, била населена со Словени, бидејќи
сите околни места имаат словенски имиња — Моране, Сушица, Елово,
Орешани и други. Населбите му припаѓале на скопскиот
властелин Трибу.
Драчево, во времето кога Турците завладеале со
Македонија, се споменува во
XV
век. Султанот Мехмед
II
го
предава Драчево и населбите околу него на Исаибег, а на 13 август
1466 година било
заветено на скопската текија и турското верско училиште Медреса во
Скопје.
Поради недостаток на пишани извори, освен горе
наведените, останува непозната подалечната историја за населувањето
на Словените
во Драчево.
Интересно е да се изнесе она што го вели усното
предание. Во тоа предание, пренесувано од колено на колено, живеат
неколку легенди, помалку или повеќе слични. Битно е да се напомене
дека легендите се врзуваат за месноста Салаково што се наоѓа на
масивот Караџица.
|
|
|
...
Се смета дека
подрачјето на кое денес се наоѓа Драчево било населено уште во
најстаро време.
...
Драчево и околните
населени места во средниот век
му припаѓале на скопскиот
властелин Трибу.
... |
|