www.dracevo.cjb.net

 
 
 

ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И КЛИМА

 

Драчево се наоѓа на 41° 56' северна географска ширина и 21° 31' 40" источна географска должина, на надморска височина од 250 метри. Се простира на границата помеѓу високото земјиште на југозапад и пространите алувијални рамнини на Скопската Котлина на североисток. Неговата многу добра географска положба ја условуваат повеќе фактори, како на пример: близината на железничката пруга Скопје — Солун, развиената сообраќајна мрежа, близината на реките Вардар и Маркова Река. Благопријатната клима што ги има општите карактеристики на климата во Скопската Котлина. Затвореноста на оваа котлина од север и пробивањето на средоземната клима по долината на реката Вардар ја условуваат нејзината клима. Зимите во Скопската Котлина се благи. Снежните врнежи се мали. Температурата во зимскиот период, во просек од 13 дена, е под нулата. Тоа значи дека зимите во овој регион не се сурови. Пролетта тука е доста кратка. Во месец март природата се буди, во април се е во цвеќе и зеленило, а во мај веќе се чувствува летото. Летниот период трае скоро четири месеци тој е без врнежи. Само повремените и краткотрајни дождови ја освежуваат природата. Летните температури се високи и не ретко достигнуваат и до 35°С. Есента е најпријатното годишно време во Скопската Котлина, посебно во септември и половината на октомври Средната годишна температура во оваа котлина изнесува 12°C. Еден од главните фактори што битно влијае на климата во овој регион е ветерот повардарец. Овој ветер дува од Шар Планина по долината на Вардар кон Егејското Море. Повардарецот е повеќе зимски ветер кој условува ведро и студено време. Неговата брзина достигнува до 15 метри во секунда. Во Скопската Котлина има различен правец на движење. Количината на паднатиот дожд во котлината изнесува, во просек, 453 мм годишно. Во некои месеци од годината врнежите на дожд се значително поголеми.

 

Името Драчево е изведено до апелативот драч, што претставува име на вид трнливо растение (Paliurus aculeatus), со суфикост -ево.

Според етимологијата на зборот, името Драчево служи за означување на место каде што го имало оваа растение.

 

 

...

Драчево се наоѓа на 41° 56' северна географска ширина и 21° 31' 40" источна географска должина, на надморска височина од 250 метри.

...

Името Драчево е изведено до апелативот драч, што претставува име на вид трнливо растение (Paliurus aculeatus), со суфикост -ево.

...

До Драчево од центарот на Скопје може да се стигне со автобусите на ЈСП Скопје број 41, 31, 51А

...

Поштенски број за Драчево е 1050

...

Мапа на Драчево

...